Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) — македонски раскажувач и романописец. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправенараја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образованиезавршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошкифакултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар,трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.[1]
Во текот на НОБ го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор воПрилеп, потоа работи како управник на Шумската дирекција, за на крај, се до пензионирањето, да и се посвети напедагошката дејност како професор по македонски јазик во Прилеп и Скопје. Починал во Скопје на 10 март 1965 година.
Нема коментара:
Постави коментар