четвртак, 14. мај 2015.

Творештво

Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по ослободувањето. Првите раскази„Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списанието „Современост“. Вистинска литературна афирмација доживеал со својот прв роман „Крпен живот“ (1953). Веднаш потоа напишал цела серија свои дела и станал еден од најплодните романописци и раскажувачи на нашата македонска литература. Следната година го издал вториот дел од „Крпен живот“, како и „Опасна печалба"“ (1954). Две години подоцна го објавил романот „Толе Паша“, а потоа и „Калеш Анѓа“ (1958), „Дилбер Стана“ (1958), „Мариовскиот панаѓур“ (1961), „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис оставил богато литературно наследство од необјавена проза (раскази и романи). „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази.

Нема коментара:

Постави коментар